Седумте етнички Албанци што се осудени за убиството кај Смиљковско Езеро се невини и неправедно седат в затвор, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за електронското издание на весникот „Ди цајт“ во мај 2015, а пренесоа Мета, Дојче Веле и многу други медиуми кои го поддржуваа Заев.
„Може да има и жртви. Затоа во моментов водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да бидеме многу внимателни со вистината. Мораме да го сочуваме единството на народот“, вели Заев.
Тој вели дека е загрижен за состојбата, која, според него, може да излезе од контрола.
Денеска, обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор за Монструм кажа дека снимките не донеле нова вистина за случајот, побара неколку доживотни и повеќегодишни казни затвор, а побара ослободување на еден од порано осудените бидјеќи за него немало докази,