Течат разговорите за смена на досегашното име и на Македонската академија на науките и уметностите.
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека разговорите за преименувањето на МАНУ се одвиваа добро.
– Преименувањето ќе се случи, вели Заев.
Тој додава дека МАНУ треба да избере дали ќе биде Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.
Но, Заев потенцира дека е многу важно како е регистрарана МАНУ низ светот и, подвлече, пријателите од Грција тоа да не го спорат.
– Верувам дека работите се движат позитивино, рече Заев.
Тој истакна и дека во тек е спроведувањето на владината одлука за преименување на 136 државни институции.