Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа, вели премиерот Зоран Заев во изјавата споделена на неговиот фејсбук-профил.
Април, 2021 година, е датумот кога ќе се спроведе пописот, нагласува Заев.
Според него, пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично.
Одговорност да се излезе на попис има секој граѓанин, смета премиерот.
-Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките кои ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот, истакнува Заев.