Ако сакате швајцарски плати, работете како во Швајцарија, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставниците на ССМ.

– Ако сакаме швајцарски плати мора да работиме како во Швајцарија и мора да имаме поголема продуктивност на трудот. Гледате дека имаме различни ставови со Синдикатот, тие бараат неработни сабота и недела, ние викаме недела да, затоа што продуктивноста мора да се подигне со сите механизми, рече Заев.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски од Владата побара неработни викенди за работничката класа, а на ова Заев одговара „мора да работиме ако сакаме да бидеме Швајцарија“.

Димовски, исто така, нагласи дека не треба да се прави негативна селекција при носење на новиот закон за пензионирање и да се ставаат во нерамноправна положба работниците и административците.