Владата на Заев за само една година доделиле 31 лиценца за одгледување марихуана, од кои во само месец декември 2019-та година кога Заев е премиер доделиле 10 лиценци, а уште 20-тина се на разгледување. Како што рековме и вчера, според информациите кои дојдоа до нас, сомневањата говорат дека владата на Заев манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машина преку која се собираат пари од бизнисмени кои се заинтересирани и сакаат да одгледуваат канабис. Практично дел од лиценците ги добија блиски луѓе до СДСМ и Заев, изјави на прес конференција Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Денес ќе обелодениме една фирма која има добиено лиценца за канабис, инаку блиска до СДСМ и Заев. Една од лиценците за одгледување канабис ја има добиено фирмата ГРИН МЕДИКАЛС МКД Кочани, каде што еден од сопствениците е синот на поранешниот пратеник на СДСМ, Ванчо Ѓорѓиев познат во јавноста како Ванчо Деликатес. Сопственикот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, син на Ванчо Деликатес, заедно со татко му се едни од најголемите финансиери наназад во годините во СДСМ со огромни суми на пари.“

Николовска прашува како е можно, токму една од лиценците од оваа хипер продукција на лиценци за канабис, да ја добие токму синот на еден од најголемите финансиери на СДСМ?

„Дали овие луѓе кои многу често се во друштво на Заев можеби си ја купиле лиценцата за одгледување канабис од фамилијата Заеви? Фирмата на еден од најголемите финансиери на СДСМ чека закон за да може да извезува и цвет од канабис, а не само масло како што е законски регулирано. Потенцирам, ова не е единствен случај на доделена лиценца на бизнисмен близок до СДСМ, деновиве ќе обелодениме уште неколку. Низ кулоарите кружи информација дека добивањето лиценца чини од 300.000 до 500.000 евра. Уште еднаш прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без истите да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците им се незаконски? Дали после ова, конечно институциите ќе се охрабрат да реагираат и истражат ваков сериозен случај за кој доколку се утврди дека на незаконски начин се издавани лиценци ќе треба некој да сноси кривична одговорност? Обновата на Македонија доаѓа на 12-ти април, а Заев и СДСМ ќе понесат одговорност, и никогаш повеќе нема да и се случат на Македонија, потенцира Николовска