Ако европскиот парламент не определи датум за почнување на преговори со Македонија, Унијата ќе го казни најпозитивниот пример на Балканот – премиерот Зоран Заев со нова предупредувачка порака до европските челници во пресрет на одлуката за интеграциите на земјава. Дециден е дека Mакедонците ќе ги надминат негативните емоции околу Преспанскиот договор, кога ќе ги видат придобивките од истиот.

За екс американскиот помошник државен секретар Вес Мичел, Македонија е позитивниот пример кој треба да се награди. Предупреди дека ако земјите од регионот не станат дел од ЕУ нешто друго ќе ја пополни таа празнина, без оглед дали тоа ќе бидат Русија и Кина или нови етнички судири.

За потписникот на Договорот од Нивици, екс грчкиот премиер Ципрас , датумот за преговори ќе биде силна порака за регионот. Остро кон европските челници побара да престанат со интровертноста, оти Македонија е кредибилен партнер на ЕУ.

Сите поранешни функционери денеска на Самитот во организација на Економист дадоа пофалби дека преку промената на името на Македонија како обврска од Преспанскиот договор бил затворен децениски проблем на Западнио Балкан.

Пофалби за спроведеното на адреса на Македонија стигнаа и од актуелниот потпретседател на ЕП, но тоа ни од далеку не значеше гаранција дека земјите членки за 20-тина дена ќе определат датум за преговори