Возот, Република Северна Македонија е на шините, може да се клацка, но е на правиот пат, порача на денешната трибина „На Правиот пат“ од Штип, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој забележа дека земјата ги чека историските 17 и 18 октомври, кога се отвара ново поглавје и по 15 години поминати во чекање се почнуваат преговорите за влез во ЕУ. Додека за членството во НАТО политичката состојба во Шпанија може да го одложи на почетокот на наредната година. Досега 22 земји го имаат ратификувано протоколот, остануваат уште седум.

– Секако протоколот за ратификување е поприлично незивесен заради комплицираната политичка ситуација со Шпанија, па затоа не знаеме, дали ќе биде во декември, за да се радуваме за членството, но ако не е декември ќе е јануари или февруари. Таа иднина ни е извесна и ќе бидеме за време на 70-годишнината на НАТО 30-та земја членка, а тоа значи никогаш повеќе војна, мир, стабилност, безбеднос, а веднаш потоа и нови инвестиции, рече Заев.

На граѓанската трибина На прав пат во Штип, претседателот на СДСМ Зоран Заев порача дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните.

– Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните, истакна Заев.

Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна, порача претседателот Зоран на граѓанската трибина во Штип.

Ние продолжуваме по вистинткиот, по правиот пат, додаде Заев и порача дека освен обнова на криминалот ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

Заев се осврна на инвестициите во земјава посебно во делот на патната инфраструктура, изградба на нови водоводи и канализации, а како што рече се гради по потребите на граѓаните. Смета дека земјата оди кон вистинскиот пат, бидејќи парите се инвестираат кон граѓаните, а не за изградба на споменици. Новата мерка супституција на платите се очекува да почне од 1 ноември. Порача дека ако сопствениците на компаниите ја зголемат платат за 100 евра ан работниците, во тој случај тие како Влада се подготвени да ги платат придонеситез а пензиско и здравствено за работниците.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека проблемот со стечајците сега е минато. 

– Конечно проблемот со стечајците е решен, тој е минато. Успеавме да заштитиме 11.000 стечајни работници, а со последните измени опфатот ќе порасне за илјада лица со што вкупно 12.000 стечајни работници ќе бидат материјално обезбедени и до пензионирањето ќе примаат надомест од 8.000 денари. Просечната пензија порасна за околу 800 денари, а не само тоа туку и обезбедивме сигурна пензија со стабилизирање на пензискиот фонд, истакна Царовска.

Таа посочи дека воведувањето на социјалната реформа обезбеди 300.000 семејства кои живееја на работ на егзистенција, денес да имаат пристоен живот.

– Да, социјалната реформа е на прав пат, Вкупно 20 000 деца денес добиваат детски додаток, а 8.000 образовен. Работиме посветено на извлекување на децата од детската сиромаштија, затоа што со тоа директно влијаеме тие во иднина да основаат стабилни семејства со пристоен живот, истакна Царовска.

На трибината говореше и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој  истакна дека пред две години кога станал градоначалник сметката на општината била празана, а денеска работите се многу поинакви.

Кога доаѓавте во Штип, дојдовте по модерен автопат со кој Штип се поврза со Скопје но и со Европа, преку нов влез во градот, осветлен со лед светло, тротоари и урбана опрема. Тука е изграден и новиот кружен тек на булеварот Гоце Делчев, што го решава сообраќајниот метеж и сообраќајните незгоди пред електротехничкото училиште, вели Бочварски.

Во налсебата Сењак во финална фаза е изградбата на детската градинка, која треба да биде готова во декември годинава и на 1.600 квадратни метри, ќе прими 200 дечиња, со што Штип ќе стане првиот град кој целосно ќе го реши проблемот со сместување на дечиња во градинките. Тој ја најави и изградбата на брана на река Отиња, сон на штипјани уште од 1960 година.