Засекогаш нека свети огнот на сеќавањето на Холокаустот, кој го одбележуваме секоја година на 27 јануари, во помен, чест и слава на 7 милиони еврејски мајки и ќерки, татковци и синови, пријатели и соседи – кои ги загубија своите животи во фашистичките логори на смртта, објави премиерот Заев на Фејсбук по повод Меѓунардониот ден на сеќавање на Холокаустот – 27 јануари.
– На овој ден, и на секој друг, да повторуваме „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори” и да ги чуваме спомените и на нашите 7.200 сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка, наведува Заев во објавата.
Премиерот натаму истакнува дека сеќавањето на нив треба секогаш да нѐ потсетува дека тишината и молкот можат да биде соучесник на злото и дека наша должност во секоја ситуација е да се спротивставуваме на секоја форма на фашизам, фанатизам, расизам, ксенофобија и геноцид.
Инаку Заев во неколку наврати и сам призна дека од спомен плочи биле избришани делови од речениците кои упатуваат на тоа кој бил администратор или фашистички окупатор во Македонија во времето кога е извршено и ова злосторство на Евреите во Македонија.