Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека верува оти планираниот раст на БДП од 3,2 отсто ќе биде постигнат до крајот на годината, и покрај тоа што во првиот квартал беше 0,1 отсто, а реализацијата на капитални проекти е 16 отсто. Тој посочи дека буџетот е стабилен и ликвиден, а сите капитални проекти биле одблокирани.
Заев на пратеничко прашање од Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за неповолните трендови во економијата, бројките за наталитетот и борбата против корупцијата, посочи дека Владата е максимално посветена да ги подобри сите параметри, а во тоа помага и подобрените надеж со евро-атлантските интеграции.
– Единствена причина која влијае на лошите параменти во вакви статистички извешати се политичката криза која што траеше и има импакт па затоа индексот на корупцијата е бележан за цела 2017 година, а не само од 1 јуни. Затоа и кај Дуинг бизнис очекувам да се стабилизаираат и да растат параметрите. Претходната влада работела и ние работиме да ги зголемиме овие параметри преку зајакнување на институционалните капацитети и верувам дека ќе имаме успех. Не очекувам драматични падови, затоа што МФ ги следи сите состојби. Владата донесе одлуки по скратени постапки за да влијае тоа позитивно затоа што и Дуинг бизнис листата е важна за странските и за домашните инвестори, рече Заев.
Во однос на борбата против корупцијата, нагласи дека таа е императив на Владата и оти законот мора и ќе важи еднакво за сите.
– Никој не може да остане надвор од законот. Корупцијата е рак рана во македонското општество и борбата против корупцијата ќе остане еден од стратешките приоритети на Владата се до нејзино конечно откорнување. Апелирам до јавноста да биде максимално посветана затоа што транспарентноста во постапката е најважна, посочи Заев.
За делот на економијата и растот тој посочи дека во мал процент влијание има недоволната храброст на државните службеници за потпишување на постапките за јавни набавки, но најголем проблем е што немало проекти за реализација, а и тие кои постоеле морале да бидат корегирани.
– Очкеувам веќе во вториот, а особено во во 3 и 4 квартал да имаме сериозен раст и на капиталните инвестиции во државата и на нискоградбата затоа што сите проекти се ослободени, тендерите се распишуваат, има компетитивност, преку 100 милиони евра се заштедени пари на разлики во цени поради транспарентност на постапките. Водиме грижа нашите домашни компании да имаат предност. Очекувам дека растот на БДП од 3,2 отсто сепак ќе го постигнеме, рече Заев.
Во делот на иновативност, Заев рече дека прв пат домашаните компании добиваат државна помош, од кои еден дел од поддршката оди преку Фондот за иновации, каде секое претпријатие кое има план за зголемување на производството има право да аплицира.
– Тоа е нов квалитатив јас го поздравувам етичкиот начин на однесување, кога се повлекуваат самите фирми каде за содружник имаат ностител на власт. Затоа што законски тоа е дозволено, но не и етички оти се мисли дека се има влијание во ваквиот процес. Заради транспарентните постапки веднаш носителите на јавните функции презедоа одговорност. Се е согласно законот, но го исполнуваме и етичкиот кодекс на однесување, рече Заев.
На дополнително прашање од Ѓорчев, кој рече дека е незадоволен и за тоа дали постои намера да го исклучат од партијата градоначалникот на Ново Село, кој шверцувал цигари, Заев потврди дека ги бранел ист адвокат, но тој е приватен адвокатат и може да брани секого. За казната, посочи таа е одмерена согласно законот. Според судската пракса, за делото казната е од шест месеци до условна, а во случајов е дадена 1,5 година затвор како пример оти е градоначалник.
– Градоначаликот е мој личен пријател, но секој што се огрешил пред законот има да си одговара, рече Заев.