Претседателот на Владата Зоран Заев денеска попладне заминува за Мунстер, Сојузна Германија, каде утре, на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им беше доделена нему и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.
Како што соопшти владината прес-служба, во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“.
На свечената церемонија во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.