Сите граѓани од сите етнички заедници покажуваат отворена љубов кон мене, изјави синоќа премиерот Зоран Заев кој гостуваше во ТВ Алсат.
– Дали ми приоѓаат и ме прегрнуваат Албанци, не треба да зборувам, само треба да го погледнете амбиентот околу мене, рече Заев во емисијата 360 степени на ТВ Алсат, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека во Гостивар има поддршка од Албанците.
Потоа Заев говореше за тоа „колку им е омилен на граѓаните“:
–Сите граѓани од сите етнички заедници покажуваат отворена љубов кон мене. Не знам дали е мојот пристап таков, дали е мојот наратив таков, дали ликот ми е таков, не знам зошто, рече Заев.
Тој додаде оти е свесен дека има разочараност меѓу Македонците и Албанците од неговите политики, но им порача да не седат дома и да излезат на избори и да се борат за својата земја.