Американскиот Сенат денеска со 84 гласови „за“ и два против го го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Протоколот за членство на Македонија беше испратен до Сенатот од американскиот претседател Доналд Трамп на 30 април годинава.

-Како што стои во извештајот за зачленување на Северна Македонија во НАТО поднесен до Конгресот на 27 март 2019 година, во однос на Резолуцијата за давање совет и согласност за ратификација на протоколите за зачленување на Полска, Унгарија, и Република Чешка, од 30 април 1998, Северна Македонија е решителен партнер на САД, и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и на НАТО Алијансата.

Барам Сенатот да обезбеди препорака и согласност, и мојата администрација е подготвена да помогне во неговите излагања, пишуваше во допиост од Трамп.

За 9 месеци, Протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 26 држави. Останува уште ратификацијата во парламентот во Исланд и во Холандија. Неизвесно е дали Шпанија ќе успее да го ратификува до Самитот на НАТО закажан за 3 декември во Лондон, поради вонредните парламентарни избори кои се закажани за 10 ноември.