По големата одлука во нашиот Парламент ги разбивме сите дилеми и си потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што ја посакуваме, македонска држава, како држава на европското семејство и членка на НАТО, кои не прифатија како Македонци со свој идентитет и со своја гордост, земја во чиј идентитет се вградени и идентитети на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои живеат во нашата Македонија.

Тоа го истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по вчерашното изгалсување на измените на Уставот и името на државата во Северна Македонија  за спроведување на Договорот од Преспа.

Овие денови, потенцираше Заев, заедно со нашиот пријател Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата и заеднички ќе го потврдиме историскиото решение.

– Убеден сум дека  и пратениците во грчкиот Парламент ќе ја препознаат и нивната голема улога во овој историски момент.  Силно верувам дека нашиот пријател Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот од НАТО, а потоа ќе ги поведе останатите земји членки на Алијансата за да бидеме 30. земја членка на НАТО,  рече Заев.

Тој се заблагодари на секој пратеник за, како што рече, оваа голема и одговорна одлука. Знам, наведе, колку беше тешко да се направи тоа, ја чувствувам и ја разбирам и горчината, но и гордоста на секој граѓанин од огромното мнозинство за одлуката да се прифати овој исчекор за доброто и иднината на нашата земја и на нашиот народ.

– Горчината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината напишавме историја и ги отворивме новите  бели страници на нашата иднина за испишување на нова реалност, новата перспектива на Република Северна Македонија, земја членка на европскотото и евроатлансткото семејство, рече Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања рече дека сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

– Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред се за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара моли бога да не се случи. Но бара првиот човек на опзоицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи  и тека на СДСМ, ќе го отвори СДСМ ова прашање, следуават претседателски избори и  евреднио за размислување како прашање затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагње, уцени или што било во општетсвото, рече Заев.

Уставните измени  денеска треба да бидат објавени во Службен весник на РМ по што, според премиерот Заев, на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи  ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот.

– Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник денеска на донесените вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција да знаат дека е завршен нашиот процес. Веднаш после тоа тие влегуваат во нивниот процес за ратификација на Договорот, а веднашп после тоа и за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Со тоа стапува во сила Договорот од Преспа. Следува нашата обврска да пуштиме писмо до сите земји во светот за одлуката што ја донесе македонскиот Парламент, тоа е дел од обврската од Договорот и тоа ќе го направиме, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Според него, за стапување во сила на уставните измени не е потребен потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Тој во неколку наврати го користеше името Република Северна Македонија иако уште не е стапен во сила Договорот, а причина за тоа, како што рече, е да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.

– Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата не повеќе од пет години е опишано детално. Но дефинитивмо, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја, истакна премиерот Заев.