Се прават анализи за следните чекори во справување со Ковид-19, се размислува за рестрикции, за што деновиве ќе заседава и Советот за безбедност, но мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати – од 1 ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така доколку и натаму се спроведуваат актуелните мерки за заштита, оцени премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во ТВ 21..

– Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18 ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките, рече Заев.