Пратеникот Зоран Рамчиловиќ, еден од „осумтемина величествени“, кој во време кога беше премиер Зоран Заев гласаше за смена на Уставот и уставноти име на Македонија, во време на Заевиот наследник Димитар Ковачевски добива амбасадорско наградно патување во Црна Гора.

Рамчиловиќ пред три години гласаше за промена на Уставот според Договорот од Преспа, а завчера и за францускиот предлог и бугарскиот протокол.

Тој беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а по уставните измени е во редовите на СДСМ. Според неофицијални владини извори е предложен од премиерот Ковачевски и министерот Бујар Османи за амбасадор во Црна Гора.

Според владините извори, како што објавија медиуми, Владата со одлука на затворена седница го прифатила предлогот Рамчиловиќ да биде амбасадор во Подгорица.

Барањето за агреман односно негово прифаќање од Црна Гора се очекува во наредниве четириесетина дена.

Другите 7 пратеници од групата на Рамчиловиќ кои гласаа за Преспанскиот договор се спасија од затворски казни, добиваат тендери од државата или пак добија функции и работни места за себе или за свои блиски.