Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, потврдија за „Фокус“ од Обвинителството.

Оттаму кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар.

Финансиската полиција пак сметаше дека Правобранителството, преку своите ставови изнесени во медиумите, се обидува да ја дефокусира јавноста од истрагата која се води за случајот со конфискацијата на имотот на Трансмет и стечајната постапка за оваа фирма.