Проблемот меѓу Бугарија и … Македонија е билатерален и така треба да се реши, изјави денеска во Софија премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Стефан Јанев. На новинарско прашање од бугарските медиуми, Заев рече дека Република … Македонија пред членството во ЕУ ќе мора да го отвори Уставот.

„Наш став е сите помалкубројни народи во нашата држава да бидат впишани, вклучително и бугарскиот народ“, рече Заев додавајќи:

„Нашиот Устав е создаден во 1991 година и тогаш, покрај македонскиот, албанскиот народ, впишани се и Бошњаците, и Србите, и Турците, Власите и Ромите и другите народи. Така да, ако сакаме да бидеме земја членка на ЕУ, треба да имаме европски Устав во којшто, по примерот на една Хрватска ќе ги впишеме и другите народи“, рече Заев.

Во однос на проблемот со Бугарија, Заев рече тој е билатерален и решението треба да двете страни да го најдат билатерално.

Посетата на Заев во бугарскиот главен град следува откако неделава тој се средна и со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот 2021 на НАТО во Брисел, во насока да се најде решение за бугарската блокада на македоснките евроинтеграции.

Бугарскиот премиер Јанев изјави дека македонската делегација е дојдена во Софија со конкретни решенија кои ќе бидат разгледани. Тој додаде дека Бугарија ја цврсто ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

„Во моментов имаме прозор на а возможност да работиме на решение. Целта ни е да се фокусираме на доверба, пријателство и отворен дијалог, изјави Јанев.

Заев рече дека е сигурен дека двете земји ќе најдат решение, а дека на сребата коментирале за португалскиот предлог.

„Разговаравме за суштината и структурата на можното решение на проблемот преку патоказот, патната карта, секторската соработка во сите можни области, со конкретни рокови, конкретни институции, како и за интензитетот на работата на историско-образовната комисија“, рече Заев.