Премиерот Зоран Заев пред малку преку Фејсбук призна дека денеска направил катастрофална грешка, во говорот, по повод депортацијата на македонските Евреи, во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.

– Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка, напиша на Фејсбук.

Тој натаму појаснува:

– Во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“. Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување. Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот. Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повреди ничии чувства, порача Заев на Фејсбук.

ЗАЕВ: Холокаустот не е само еврејска традиција. ТРАДИЦИЈА???

ЗАЕВ: Холокаустот не е само еврејска традиција.ТРАДИЦИЈА???Господе, што сме ти згрешиле?Всушност, може Зоќи знае што тропа. Може он ќе го направи светска традиција, бидејќи еве го ,спроведува идентитески холокауст врз Македонците.Русјаков- – – – – – -Традиционален карневал, традиционален марш, традиционални средби, еве дечкво што интелкт му е мањина денес не просветли дека имаме и традиционален холокауст! ?Да го измислувавме вака глуп, ќе го згрешевме! https://twitter.com/BaceTrajce/status/1105181728384212993

Gepostet von Види Види am Montag, 11. März 2019