Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева вчера на одбележувањето на 76-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи од нацистичките логори на смртта, рече дека Бугарија не успеала да ги спасат Евреите од Вардарска Македонија.

– За жал повеќе од 11.000 Евреи од Вардарска Македонија и Беломорска Тракија го дочекаа својот крај во логорите на смртта – рече Захариева во својот говор.

Таа претходно рече дека Бугарија, иако тогашен сојузник на нацистичка Германија, не спасила 48.000 Евреи – свои сонародници, а во нивното криење од депортација учествувале домашни политичари, црковни службеници и народот.