Поплава што се случила во текот на минатата недела во Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева уништила важни документи од предметот кој се води под кодното име Империја.

Како што објави синоќа ТВ Алсат, во емисијата „360“  од поплавата биле зафатени дел од документите собрани како докази за три предмети.

– Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во СЈО документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување, велат од СЈО.