Сега треба сите да стиснеме заби два месеца со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите.

Вака бившиот премиер и лидер на СДСМ во интервју за порталот  Фактор ги правда предлог мерките за надминување на економската криза од коронавирусот, кои неговата партија минатата недела јавно и ги соопшти на јавноста, а сега очекува за нив да се изјасни и Владата.

Во интервјуто Заев говори дека поради кризата, во буџетот на земјава се очекува приходите да се намалат за 60 отсто, што може да значи недостиг од 2,2 милијарди евра.

– Дури и државата да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра мора да се обезбеди од дома, преку заштеди. Затоа се неопходни овие мерки, меѓу кои намалување на платите на функционерите, но и на сите вработени во јавниот сектор до ниво од минималната плата од 14.500 денари. Заедно со другите предложени мерки, меѓу кои и обезбедување од Владата по една минимална плата за април и мај за вработените во фирмите погодени од крзата, бескаматните кредити, по 7.000 денари помош за домаќинствата чии членови немаат работа или се ангажирани во неформалната економја, вели меѓу другото Заев.

Тој верува дека е можно да се преброди првиот удар од кризата.