Продолжува растот на платите од месец во месец, објави денеска премиерот Зоран Заев.

-Просечната исплатена нето плата во декември 2020 изнесувала 28.294 денари, што е зголемување за 5,4 проценти во однос на истиот месец во 2019, поточно за 1.458 денари. Посветени сме на покачување на платите за да стигнеме до 34.000 денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, објави Заев на неговиот профил на Фејсбук.

Заев многупати досега ветил поголеми плати, пензии… Вети дека ќе обуе и железни опинци и дека ќе го постигне тоа. Но, од сето ветено, за бесплатно здравство низ цела Еропска унија, за просечна плата од 500 евра, за бројчаникот на Палата Македонија кој ќе брои вратени пари на народот… досега не е остварено ништо.

Едно е виртуелната реалност на социјалните мрежи и фалбите на истите, а многу е погрда реалноста на улиците, во фирмите кои пропаѓаат и бироата за вработување на чии списоци се најдоа уште педесетина илјади луѓе во Македонија, кои во последната година ги изгубија работните места.

(Д.Г.)