Инвестициите од Фејсбук и Гугл се можни да се реализираат во Македонија. Ова е извесна можност и штом ќе имаме податоци ќе излеземе пред Парламантот за промена на данокот за добивка за компаниите од информатичката технологија, да го намалиме од 10 на три проценти, оти тоа е дел од пакетот на понудата во разговорите со ваквите компании, рече премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
– Ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди преку уставните измени и стане извесно членството на НАТО, кое е важно за вакви компании за да ја реализираат својата инвестиција сите заедно ќе му помогнеме на бордот директори да донесе позитивна одлука за инвестицијата во Македонија, рече Заев одговарајќи на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Милошоски реплицираше дека кога биле најавувани овие две инвестиции не биле условувани со членството на Македонија во НАТО. Најавата дека Владата е во напредна фаза во преговорте со ФБ и Гугл во септември 2017 значи дека сите ветувања за странски инвестиции биле лажни, рече Милошоски.
Во однос на младинската гаранција Заев изрази задоволство од остварување на таа мерка, која рече е дополнета со мерките од Агенцијата за вработување, но и со странските инвестиции што се случуваат во Македонија
-Апсолутно не е точно дека нема странски инвестиции, бидејќи има 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие од годинава и овде се спроведува дел од младинската гаранција, затоа што посебно германските компаниие директно и со одредени средношколци се влезени во нивна практична подготовка по нивното средно образование полесно да најдат работа, но се влезени и во партнерски однос со Владата за подоготовка на високообразовани млади луѓе кои исто така ќе најдат работа, рече Заев.
Како одличен пример ја посочи соработката со информатичките компании, како и од електро и машинските струки каде платите се достоинствени со просек од 65.000 денари
– Можноста за уште поголеми успеси на пакетот мерки кои ги имаме ќе даваат уште поголеми успеси. Тоа функционира во Македонија илјадници луѓе веќе работат, илјадници луѓе го користат овој механизам за да магистрираат и докторираат, а обуките ќе помогнат за максимален број луѓе да најдат работа по завршување на високото образование, рече Заев
Милошоски му реплицираше дека бројките од МТСП говорат за 123 луѓе во Струмица, Гостивар и Скопје се во работен однос со младинската гаранција која предвидува четири месеци по дипломирањето гаранција за дообразување и вработување, а за 640 лица е направен индивидуален план за вработување.
-Зборувате за првите два месеца од почетокот на младинската гаранција во првите три пилот општини, но досега се вработени 1.400 млади. Македонија е единствена во регионот која ја спроведува и каде дава конечен резултат за вработување на млади луѓе по дипломирањето, но и заради другите активни мерки за вработување. Во наредната година ќе се спроведува во три региони, а од 2020 во целата држава, рече Заев
За повратот на 15 отсто од ДДВ, Заев рече дека поради законски усогласувања ќе стартува од јули, 2019.
-Картичките се лимитирани до 30.000 за да се направи фер распределба, затоа што побогатите трошат повеќе, па и повратот на данок би бил поголем. Системот е целосно подготвен за ставање во функција. Наша намера е од 1 јули да стартува системот со што првите шест месеци ќе бидат експериментални за да може да се провеарт резултатите, и ако биде се во ред да стартуваме, рече Заев.
Официјално се очекува дека даночната евазија која според одредени податоци се движи со обем на негово намалување, но, сепак, е околу 30 отсто. Со оглед дека приливот од ДДВ изнесува околу милијарда евра само со половична успешност на овој систем на 15 осто повраток на ДДВ би се собрале околу 150 милиони евра, од кои околу 90 милиони евра би се вратиле кај граѓаните, а 60 милиони во буџетот.
Милошоски забележа дека ветувањата на премиерот се експериментални оти не биле втемелени на анализа, затоа што, рече, две ипол години по најавата на овој проект, нема капацитет да ги реализираат своите ветувања.