Трамвај и гасификација на Скопје е решение против загадувањето, рече премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања во македонскиот Парламент.
– Поради енормното загадување на воздухот што во изминатите деновиве се случува во Скопје и во Куманово, но и во другите градови во земјата формирани се тимови со седум владини советници кои работат на координација на сите инспенторати вклучувајќи го и МВР, рече Заев.
Целта е, како што појасни тој на денешната седница за пратенички прашања е да се да се делува веднаш и директно за да се спречи загадување на воздухот.
-Вчера на консултативна седница на Владата на иницијатива на министерот за животна средина оформивме дополнително тимови да делуваме таму каде што можеме директно и веднаш да го промениме, каде што МВР и сите инспекторати под контрола на кабинетот на премиерот на дневна основа ќе се вклучат за дополнително да придонесат кон затворање на проблематиката за огнови на јавни места, на палење на шумите на дополнително палење коешто предизвикува загадување. Седум советници од мојот кабинет од вчера попладне работат на координација на сите инспекторати во државата и Инспекторатот за животна средина да бидат на терен заедно со МВР се со цел да делуваме таму каде што може да делуваме, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ за мерките против загадувањето во земјата.
Зборувајќи за мерките за заштита на животната средина и за спречување на загадувањето на воздухот, премиерот искажа жалење што поранешната влада гасификацијата ја започнала на крајот на мандатотот а требало тоа да го направи тоа многу порано. На само два месеци пред крајот на годината, додаде тој, 83 отсто од предвидените планвои за гасифиакција се реализирани за оваа година.
-Се работат двата главни коридора, Коридорот Неготино-Кавадарци-Прилеп-
Во посета во Владата досега биле повеќе од десетина компании кои се занимаваат со гасификација. Очекува во 2020 година да се отпочне со изградба на секундарни и терцијални гасоводни системи барем во поголемите десетина градови во државата согласно одлуките што ќе ги донесат општините.
За Скопје, кој исто така е во процес на гасификација, Заев најави воведување на електричен трамвај со проектирана вредност од околу 100 милиони евра.
-Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне уште сега за да може да се заврши целата тендерска состојба во текот на зимскиот период и за да може градот Скопје да влезе во имплементација и реализација на проектот за електричен трамвај, се надеваме дека тоа може да го направиме од Ван Хол кој ги произведува овде, но секако постапката согласно јавните набавки е јасна, истакна премиерот.
Владата има повеќе од 15 милиони евра предвидени јавни државни пари за борба против загадениот воздух, покрај тоа секое министерство има алоцирано средства за заштита на животната средина, а најмногу Министерството за животна средина.
Министерството за здравство определило буџетски средства за адаптирање на системите за греење и приклучок на гас во повеќе болници меѓу кои болницата за Чаир и за Куманово, за којашто и Владата одвоила средства. Дополнително Владата финансиски ќе поддржи адаптирање на системите за греење и на затворот Скопје и за студенските домови.
Инверторите се само една од новините, додаде Заев ако не сметаме на гасификацијата , фотоволтаиците, и се друго што е во полза на екологијата и заштитата на животната средина и чистиот воздух. Министерството за животна средина има одвоено 618 милиони денари конкретно за инвенторите, постапка која почнува преку општини и тоа градот Скопје, Битола, Тетово, Кичево, а согласно одлука на Влада се проширува и во Куманово и во многу други општини понатаму.
-Следната година продолжуваме на целата територија на државата и подготвени сме да носиме законски решенија за зголемување на свесноста за спроведување на проектите за заштита на животната средина. Дополнително многу инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија, рече Заев.