Парламентот на Република Бугарија денеска го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 140 пратеници, а против и воздражни немаше.
На пленарната седница на која присуствуиваше и македонскиот собраниски спикер Талат Џафери, се обрати вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека моментот на присоединување на Северна Македонија кон НАТО е историски за Алијансата.
-Бугарија е постојан поддржувач за влезот на Северна Македонија во НАТО. Бугарија го прифати ангажманот да работи на забрзување на процесот за евроатлантска интеграција на земјата, како и за внатрешни реформи, и за стабилизирање на регионот, рече Захариева.
Таа посочи дека политиката на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните инструменти за просперитет.
-Водени од тоа убедување неколку бугарски влади донесоа одлуки за склучување меморандуми со тогашната Република Македонија. Патот за просоединување кон НАТО не беше лесен за нашите соседи. Заедничките вежби на нашите армии ќе придонесат за развој на нашите способности, посочи Захариева.
Бугарија, додаде таа, ќе продолжи да го потпомага процесот на внатрешните реформи во Северна Македонија кои се неопходни за добивање на членството.
-Членството во НАТО одбележува нова етапа во односите меѓу двете држави. Од првостепена важност е да продолжи работата на подобрување на инфраструктуратам изградбата на патишта и магистрали. Така ќе бидат отворени нови можности за иодните инвеститори што ќе помогне за развојот на нашите економии, рече шефицата на бугарската дипломатија која го поздрави присуството на ратификацијата на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Џафери.
На седницата не присуствуваа пратениците на опозициксата Бугарска социјалистичка партија. Тие веќе неколку дена го бојкотираат Парламентот поради измените на Изборниот законик.
Инаку, Џафери кој престојува во официјална посета на Бугарија пред пленарната седница одржа средба со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, која истакнала дека Бугарија ќе продолжи со поддршката за напорите на Северна Македонија за европските и евроатлантските инетеграции.
-Ви честитам за успеешното завршување на ратификацијата на Договорот од Преспа и за потпишувањето на Протоколот за пристапување кон НАТО, рече Карајанчева.
Џафери од своја страна изразил благодарност за напорите и поддршката која Софија ни ја укажа за европските и евроатланстите интеграции.
– Дијалогот и соработката можат да не водат напред, рекол Џафери.
Предвидено е Џафери да има средба и со вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.