Поранешниот американски астронаут Вилијам Андерс, кој беше дел од мисијата Аполо 8, првиот екипаж во орбитата на Месечината во 1968 година, загина во авионска несреќа северозападно од Сиетл, јавија американските медиуми, цитирајќи го неговиот син.

Андерс имаше 90 години.

Според извештаите, тој летал сам со мал авион кој паднал во близина на брегот на државата Вашингтон. Властите почнаа истрага за причините за несреќата.

За време на мисијата на Аполо 8, Андерс ја направи познатата фотографија Earthrise која ја прикажува Месечината со Земјата како „изгрева“ во вселената во позадина. Фотографијата е заслужна за промена на човечката перцепција за планетата и стана симбол за кревкоста на Земјата. Некои дури сметаат дека тоа е потеклото на денешните еколошки движења.

– Андерс му ги понуди на човештвото меѓу најдлабоките подароци што може да ги даде еден астронаут, напиша шефот на НАСА Бил Нелсон на X.

Фото: Скриншот