Возач на патничко моторно возило и сопатник загинале во една од вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка потешко било повредено едно лице, пет лица се здобиле со полесни повреди во три сообраќајки, а во пет била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Осумдесет и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување и 16 возачи за не користење на заштитен шлем.

Санкционирани биле и тројца пешаци кои не поминале коловоз на пешачки премин. Затекнати биле 120 непрописно паркирани возили. Од сообраќај биле исклучени пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и две технички неисправни возила.