Од денес 21 мај 2018 Горан почнува штрајк со глад и одбива терапија поради тортурата што му се врши во затворот „Шутка“ и политички терор, со еден збор изживување. Ова се условите во кои живее шест месеци и сето тоа поради љубовта кон татковината Република Македонија, се вели во статусот на Фејсбук профилот на Горан Ангелов.

Истиот е проследен со фотографии кои укажуваат на состојбата во која Ангелов престојува во изминативе месеци.

Англов е претседател на Македонското патриотско здружение „Андов Јанев-Ќосето“ од Велес и во притвор се наоѓа од лани во ноември заради настаните поврзани со таканречениот крвав четврток. Тој лани беше уапсен со уште триесетина други лица кои учествуваа во толпата во Собранието, испровоцирани од, според многумина, нелегалниот избор на собранискиот претседател Талат Џафери.

Ангелов тогаш таквата одлука ја прокоментира: „Добив притвор поради преголема љубов кон Татковината Македонија“.