Поинаква е климата во Европа, никогаш досега немало вака комплицирана ситуација во светот, дури ни во времето пред Првата светска војна, истакнал денеска српскиот пртседател Александар Вучиќ во Баку, Азербејџан, пренесуваат српските медиуми.

Говорејќи за приемот на Србија и останатите земји од Балканот во ЕУ, тој додал:

„Во таа смисла, во доста незавидна позиција се Македонија и Албанија, на кои, како што се претпоставува, во јуни ќе им дадат некои пофалби, „за да не се каже дека баш е катастрофа и дека ништо не добиле“, истакнал Вучиќ додавајќи дека мисли дека на двете држави нема да им се дозволи да започнат преговори.