Заговарачот на Брегзит, Најџел Фараж изјави денеска дека трговскиот договор кој го постигнаа Велика Британија и ЕУ не е совршен, но претставува „голем чекор напред“.

– Секако дека некои работи ме загрижуваат, но дали е ова напредок? Дали ни е многу подобро отколку што беше пред пет години? Апсолутно, нагласи Фараж.

Тој додаде дека најмногу го загрижува тоа што се уште не ги видел деталите околу начинот на работата на арбитражниот комитет.