Градот Загреб ќе им прости на граѓаните чии сметки се блокирани и се под закана за запленуавње долгови до 10.000 куни за комунални услуги, без социјален или имотен цензус, па така долгови ќе им се простат и на магнати, фудбалери и дилери на оружје.

Најголем дел од листата имаа долг поголем од милион куни, а рекордерот има 40 милиони куни, вкупен долг. Поранешниот генерал на хрватската армија, Владимир Загорац, осуден за разни злосторства во Хрватска и Австрија, е на листата за бришење на долгот за комунални услуги. Најпознат е по кражбата на дијаманти. Во 2006 година, Загорац се најде на листата на 50 најбогати Хрвати со дури 26 милиони евра лично богатство.

Долгот ќе му биде простен на сопругот на заменик-премиерот и министер за надворешни и европски работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ, кој е директор на МЦЦ. На листата се и фурбалерите Звоне Бобан како и спортските работници Зоран Мамиќ и Дино Дрпиќ.

Контроверзниот магнат од Шибеник и плејбој Андрија Кевиќ исто така е блокиран, кој во 2015 година заврши во затвор за финансиски малверзации, а живее во два милиони вредна вила. Комуналии не платил Звонко Зубак, моќен дилер на оружје чие богатство беше проценето на 71 милион евра. Сметки не ги плаќал дури и најуспешниот хрватски возач на автомобили Нико Пулиќ, а во блокада е наследник на замок вреден три милиони евра од семејството Вернер во Тушканац, која беше резиденцијален објект на Министерството за одбрана.