Нема толкав ентузијазам во ЕУ утре некоја земја од Западен Балкан да стане членка и да бидеме искрени не сите членки ја поддржуваат Македонија, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Таа во синоќешното интервју за бугарската национална телевизија БТВ рече дека повеќе членки на ЕУ не поддржуваат почеток на преговори на Македонија.

– Не треба да внесуваме нерешени прашања во ЕУ. Треба да бараме начин како да ги решавање, а не да се објаснуваме дека Бугарија бара нешто што никогаш не барала. Знам дека на Балканот е тешко да ги намалиме емоциите, ние сме емотивни народи од двете страни. Но, не сите ја поддржуваат Македонија, да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членка на ЕУ, изјави Захариева.