И ЕУ и ние ќе го следиме пописот во РС Македонија да биде спроведен според сите европски стандарди и правила, изјави во емисијата „Брисел 1“ на бугарската телевизија Bulgaria on air, Екатерина Захариева, сега веќе екс министерка за надворешн работи на Бугарија.
На прашањето дали Бугарија треба да реагира ако мал број луѓе се декларираат како Бугари на пописот „и покрај тоа што 120.000 државјани на РС Македонија имаат и бугарски државјанства“, Захариева одговори дека „Бугарија веќе реагирала за кршењето на правата на луѓето со бугарска самосвест и додаде дека голем број на луѓе веќе поднесуваат писмени сигнали, но и покрај тоа стравот сѐ уште постои“.
-Кога нема да можете да си најдете работа или пак ќе ја изгубите вашата работа затоа што јасно сте ја изразиле вашата бугарска самосвест, кога без никаква причина ве посетуваат агенти на нивната државна безбедност, кога има притисок веќе повеќе од 80 години, стравот е разбирлив. Но луѓето ја видоа поддршката на Софија, видоа дека Бугарија нема да продолжи со молчење и дел од нив престанаа да се плашат. Стравот за жал сѐ уште постои. Видовте што се случи со нивниот претставник за Евровизија. Се надевам дека Скопје повеќе нема да го негира тоа, изјави Захариева.