Му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, пред Владата на РС Македонија да ја изрази нашата силна огорченост за вандалскиот чин во селото Вевчани во РС Македонија, каде според вестите во медиумите беше запалено знамето на Бугарија, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.
– Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш пред Министерството за надворешни работи, стои во реакцијата на Захариева.