Оваа и следната година не чекаат два важни датума околу членството на земјата во НАТО. Првиот е во октомври 2021 година кога треба целосно и воено да се интегрираме во Алијансата, а вториот во април 2022 година кога дел од нашите НАТО сили ќе треба да поминат низ првото тестирање на способностите, рече вечерва министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Според Шекеринска, нема дилеми дека земјава ќе успее.

-Имаме два датуми кои ќе ни бидат важни. Ние сме членка, и ги уживаме превилегиите, и тоа никој не го спори, но ќе кажеме дека сме ја заокружиле приказната во октомрви 2021 кога ќе кажеме дека и воено сме интегрирани во НАТО. Не е долг периодот, но немам дилеми дека ќе успееме, затоа што овие три години си дадовме амбициозни цели, и не одевме, туку трчавме, истакна Шекеринска во гостувањето на ТВ21.

Министерката дополни дека ер-полисингот треба целосно да го заокружиме со втора земја.

-Вториот дел е обезбедување целосна комуникација со НАТО. Има уште еден датум освен крајот на октовмри 2021 година, а тоа е април 2022 година, кога дел од нашите НАТО сили ќе треба да поминат низ првото тестирање на способностите, рече Шекеринска.

А од ЕУ нема датум, и покрај тоа што и Шекеринска, како и останатите нејзини колеги од власта, тврдеа дека со сменето име на Република Македонија во 2020-та почнуваме преговори со Унијата.