Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на прес-конференција го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека прави „сè што му диктира Западот“ и со тоа „продолжува со воените операции до последниот Украинец“.

– Зеленски е подготвен да ги жртвува животите на своите граѓани сè додека пристигнува финансиска и воена помош од Западот. Без неа, властите во Киев нема да издржат ниту еден ден, рече Захарова.