Нов ден, нова доза на ширење неоснована паника на Бихаќка за Алта Банка, пишува Курир во својата анализа.

И денеска, онака понеделнички, СДС портпаролката Кузеска изнесе еден, веќе виден, куп неосновани конструкции, склепани „набрзинка“ од нивниот српски пи-ар, кој заборава дека ситуацијата со Алта банка во Македонија и во Србија се сосема различни прикаски, слични ко Олио и Станлио…

Не само тоа, новата шема на хистеричната екипа на Филипче се закани со јавен и тотално непринципилен притисок врз републичкиот јавен обвинител Ненад Савевски, за кој сакаат да ја врши работата не како што треба, туку  како што посакува СДС. Го плашат Савески со апсење, давајќи му пример дека во србија се апселе обвинители, па да не му с еслучело истото да постапел по нивна желба.

Еве, што смисли српскиот стартег, а кажа Богданка:

„Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка.

Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот. 

Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија.

Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија.

Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш!

Одговорност ќе има!“ се закани јавно Богданка во соопштението кое моравме да го преземе од МИА, затоа што веќе со месеци неподобните медиуми за Венко не се на мејлинг листата на СДС. За да не знаеме кога се нивните луцидни прес-конференции и да не гледаме директно какви инфантилни работи пишуваат и кажуваат, а потоа да ги критикуваме како што и треба да прави еден медиум.

Вакви закани до прв човек на македонското обвинителство се преседан во македонската историја. Дури и во времето кога јавните обвинители на СДС, Јовески и Коцески, правеа јавни испади и јасно ја штитеа партијата која ги избра, атакувајќи кон тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, никој јавно не упатил ваква закана до човек кој, сепак, претставува важна институција.

СДС пак влезе во подрумот на дното…

Среќа, велат по социјалните мрежи, што СДС никогаш нема да дојде на власт за да кого било апси. Поверојатно, некој ќе ги апси нив, коментираат граѓаните. Добра порака до Савески, да ги извади оние случаи за Венко, Заев и бандата од фиоките, порачуваат трети..

Извор: Курир