Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на банката да биде закажана кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека истекол тридневниот рок во кој требало да биде известен регулаторот во Србија, а во тек е десетдневниот рок во кој треба да се даде согласност Народната банка преку аукција да ги отуѓи акциите.
Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи, по што се очекува да биде закажана аукцијата.




