Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со која највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,50 (денари/литар)

Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 103,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 49,312 (денари/килограм)

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија од 02.11.2026 година.

Согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, (“Службен весник на Република Македонија” бр. 256/26), применет е намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи, а пресметани согласно средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 30-ти октомври 2026 година и средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 30-ти октомври 2026 година.

Исто така во оваа одлука е применет намален износот на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), во износ од 10%, согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (“Службен весник на Република Македонија” бр. 256/26). Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати, се намалуваат во просек за 7,51%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 5,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 103,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 6,261 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,312 ден/кг