Од Твитер се заканија дека целосно ќе го забранат профилот на американскиот претседател Доналд Трамп поради непочитување на правилата на таа социјална мрежа.
Од неговиот профил синоќа беа избришани три твита во кои тој наведе за изброни измами во САД.
Тоа е најсилна акција на Твитер против акаунтот на американскиот претседател досега.
Голем број групи повикаа на Фејсбук и на Твитер да му се избришат профилите на Трамп.
Твитер избриша и видео порака во која тој ги повикува демонстрантите да заминат дома додека ги охрабрува и повторно укажува за изборни измами на претседателските избори во САД во ноември. Фејсбук и Твитер му го избришаа видеото.