Сликовита и иронична споредба се појави на социјалните мрежи за ниската откупна цена и проблемот со откупот на грозјето од годинашнава берба во Тиквешко.
На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии од незадоволството на лозарите со откупот и цената на грозјето, а најсликовита е објавата илустрирана со грам кокаин и два тона грозје од сортата смедеревка.
На истата може да се види дека трудот на лозарите за одгледување на два тона грозје од оваа сорта чини колку еден грам од „белиот прав“ односно кокаин.
Исто така на социјалните мрежи се објавуваат коментари со поддршка за лозарите, кои од полицијата се спречувани да протестираат.