Доскорешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, е кандидат за министер во новата влада.
Како што објави ТВ 21, според партиски извори во СДСМ, Шилегов е едно од можните имиња за нов министер за транспорт и врски.
Шилегов за порталот ниту ја потврдил ниту ја демантиpал ваквата вест.
В среда досегашниот премиер Зоран Заев својата оcтавка ќе ја депониpa во Собранието, веднаш по годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.
Најдоцна до средината на јануари според најавите од Владата, Македонија треба да добие нова Влада на која најверојатно на чело ќе застане новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски како премиер.
Најави дека си заминуваат од Владата и нема да учествуваат во идната, официјално објавија министерките Радмила Шекеринска и Мила Царовска, но неофицијално место во новиот кабинет нема да има за повеќемина досегашни министри.