Според информациите на повеќе медиуми, новиот партиски лидер Димитар Ковачевски на Централниот одбор во среда ќе го предложи Миле Зечевиќ за нов генерален секретар на СДСМ, по што следува екипирањето на поширокото партиско раководство.

Се шпекулира дека Маричиќ ќе биде новиот министер за евроинтеграции, Љупчо Николовски – министер за одбрана или за земјоделие, Никола Димитров – амбасадор во САД, а министерско место наводно ќе добие и Лукаревска која ја демантирала информацијата.

Спасовски, според истите информации,  го задржува местото во МВР.