Притисокот во гасоводот „Северен тек 2“ е стабилизиран и во цевката нема остаток на гас, соопшти денеска данската агенција за енергетика, повикувајќи се на операторот на гасоводот „Северен тек 2 АГ“.

– Компанијата Северни Ток АГ ја извести Агенцијата за енергетика дека притисокот врз гасоводот Северни Ток 2 е стабилизиран, што укажува на прекин на истекувањето – се наведува во соопштението.

На почетокот на неделата, неколку експлозии ги оштетија гасоводите „Северен тек 1 и 2“ кои транспортираат гас од Русија до Европа. Експлозиите одекнаа на делови од гасоводот во данските води недалеку од островот Борнхолм.

Шведските и данските власти објавија дека пронашле две места каде што истекува гасот и дека се согласиле дека се работи за саботажа.