Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Зарацин, изјави дека Косово може да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и други казни доколку продолжи да го забранува увозот на стоки од централна Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
– Косово би можело да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија и други казни доколку продолжи да го забранува увозот од Србија, изјави Зарацин за БИРН.
Зарацин неодамна двапати ја посети Приштина, а германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, на 5 септември рече дека за време на неговата втора посета, Зарацин го повикал косовскиот премиер Албин Курти да ја укине забраната воведена во јуни 2023 година за увоз на производи со срспко потекло, што, како што изјави, ја блокира слободната трговија во регионот и ја опструира ЦЕФТА.
Фото: Архива