Предводникот на Монако, Леонардо Жардим е убеден дека неговиот тим ќе се врати на победнички патеки.

Тимот од Кнежеството синоќа во натпреварот од 6. коло на француската Лига 1 на гостински терен одигра нерешено со Ремс (0:0).

– Играта на тимот во овој натпревар може да се оцени позитивно. Ремс играше подобро од нас во првите 25 минути од средбата. Потоа с евративме во ритам. Успеавме да го зачуваме нашиот гол. Треба да се забележи многу сигурна игра на голманите на двете страни. Фановите ја имаат причина да бидат несреќни. И јас сум незадоволен. Но, знам дека оние кои го поддржуваат Монако имаат добро сеќавање. Во текот на изминатите 5 сезони, давав се од себе и напорно работев. Морам да барам решенија. Важно е играчите да одговорат позитивно на ова. Сигурен сум дека ќе успееме да излеземе од резултатската криза, изјави тренерот Жардим.

По 6.кола во Француското фудбалско првенство Монако е на претпоследното (19.место) со само три бода и ефект три нерешени и три порази, без ниту една победа.