Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф денеска изјави дека САД се изолирани во светот и дека не се во состојба да создадат коалиција со своите сојузници во Персискиот залив.

-САД се осамени во светот. Тие не можат да создадат коалиција, изјави шефот на иранската дипломатија на прес конференција.

Зариф истакна дека САД сакаат да го лишат Иран од неговите права, пренесоа британските медиуми.