Здравко Чолиќ со години е познат како голем шармер и заводник, но не се препуштал лесно на романсите.

Меѓутоа, во далечната 1973 година во Луксембург, каде што настапи на Евровизија и ја изведе песната „Гори Ватра“, имаше кратка врска со пејачката на познатата група АББА, Ани-Фрид Лингстад.

Како што призна неколку децении по краткотрајната романса, Чола се чувствувал „искористен како инстант супа“.

“На Евровизија ја запознав Фрида од групата АББА, каде на друго место. Потоа дојде поканата за викенд. Ми се чинеше ветувачки, но по целата таа тридневна идила се чувствував искористен како инстант супа. Ја готвиш за пет минути, ја јадеш топла и готово. И сè имаше: дрвена куќичка, камин, свеќи и цвеќиња, квадратни завеси и покривки, печена риба во фолија со бадеми и есенцијални масла…

„Но, недостасуваше таа вистинска, единствена, луда страст што се случува меѓу маж и жена. Немаше спонтаност, па сè изгледаше како кога закажувате заеднички тренинг во теретана“, изјави тогаш тој. Но, Чола неодамна во едно интервју откри дека не било баш така.

„О, тоа се машки финти! Жената не може да искористи маж, тој секогаш ја искористува неа“, изјави неодамна тој.