Здравко Чолиќ вечерва беше гостин во Само Вистина на Канал 5. Прашан како гледа на договорот меѓу Македонија и Грција, рече дека му е мило што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји се завршени и потенцира дека за него Македонија секогаш ќе биде Македонија.
– Договорот кој го направија Македонија и Грција е само географски компромис и мило ми што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји сега се завршени, за мене Македонија секогаш ќе биде Македонија, рече Чолиќ.