Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер упати силна критика против миграцијата во Германија и со тоа ги заштити ултрадесничарските демонстранти во Кемниц, пишуваат повеќе германски весници.

На маргините на заседание на неговата партија Христијанско-социјалната унија, конзервативниот Зехофер рекол дека „миграцијата е мајката на сите проблеми во Германија“, пишуваат весниците „Велт“ и „Билд“.

Министерот, кој беше во центарот на сериозна владина криза во јуни и јули, поврзана со политиката за прием на мигранти, изјави дека ги сфаќа луѓето што демонстрираат во Кемниц по убиството на 35-годишен маж, поради кое еден Сириец и двајца Ирачани се во противор.

– Тоа не ги претвора тие лути луѓе во нацисти, рекол тој.

Изјавите на Зехофер доаѓаат во момент кога неговата партија се подготвува за избори на 14 октомври во Баварија. Партијата е соочена со ризик да го загуби мнозинството, а крајната десница Алтернатива за Германија може да постигне значителен пробив.